The World March SEE is looking for Volunteers over the Internet to contribute with their translating skills. Please contact us if you are interested!


Кон Македонија, сред фолклор и судири

Macedonia Skopje | November 02, 2009

На патот од Солун до Скопје, автобусот со учесниците на Светскиот марш од Балканот беше поздравен од градоначалниците, советниците за култура и стотици деца и наставници во неколку македонски градови. Маршот, организиран од хуманистичката организација Свет без војни (World Without Wars), помина низ Битола, Ресен, Охрид, Струга, Гостивар, Тетово и Скопје.

Симбол на мирот за Светскиот марш

Macedonia Skopje | June 08, 2009

Во сабота, 7 јуни, за време на Баскерфест фестивалот на улична уметност во Скопје, неколку организации формираа голем знак на мирот. Во акцијата учествуваа Светот без војни (World without wars), Универзалната мировна федерација, пацифисти, студенти и членови на младински организации.

Стјепан Месиќ, Претседателот на Хрватска, се сретна со Светскиот марш во Загреб

Croatia Zagreb | November 05, 2009
Делегација на Светскиот марш за мир и ненасилство вчера се сретна со хрватскиот Претседател Стјепан Месиќ. На средбата, на Месиќ му беа претставени документите на Светскиот марш и од него беше побарано да ја прочита и поддржи Повелбата за свет без насилство на добитниците на Нобеловата награда.

Претседателот на Претседателството Жељко Комшиќ: “Босна и Херцеговина не можеше да ја испушти оваа шанса за мир и ненасилство”

Bosnia & Herzegovina Sarajevo | November 04, 2009
На осмиот ден од својата тура низ Балканот, Светскиот марш за мир и ненасилство беше пречекан од Претседателот на Претседателството на БиХ Жељко Комшиќ и градоначалникот на Сараево Алија Бехмен. Придружувајќи го Маршот од почетокот на поворката низ средновековните улици околу плоштадот Башчаршија, Комшиќ му посака на Маршот многу успех и наубави желби.

Светскиот марш за мир и ненасилство ги отфрла вештачките поделби меѓу луѓето и употребата на војна за наметнување мир

Pristina, Kosovo, 2009-11-02
Светскиот марш се сретна денес, во Приштина, со претставниците на движењето Независност, кое се залага за промоција на човековите права и самоопределување за Косово; со Мултикултурниот педагошки институт ПЕДАКС и со Операционе Коломба, мрежа на млади волонтери кои го промовираат дијалогот помеѓу сите пет заедници кои живеат на Косово - Албанците, Србите, Ромите, Египјаните и Турците.

Светскиот марш за мир и ненасилство во Македонија

Macedonia Ohrid | October 30, 2009
Светскиот марш вчера пристигна во Република Македонија, 21-вата од преку 90 држави на неговиот пат пред да кулминира во Аргентина, на 2 јануари 2010 година. На јавната средба одржана синоќа во Охрид, Димитар Мирчев, советник на Претседателот Ѓорге Иванов потврди дека Иванов ќе се сретне со делегација на Светскиот марш денеска попладне, во Скопје.

Светскиот марш пристигна во Солун

Светскиот марш за мир и ненасилтво пристигна во Солун на својата етапа низ Балканот, по поминати 1,000 километри по почетокот во Истанбул. Учесниците беа дочекани на плоштадот Аристотел од страна на бројни активисти и симпатизери. По говорите за добредојде, театарска претстава и концерт, стотини факели го осветлија плоштадот, формирајќи го симболот на мирот.

Повеќе од 2000 луѓе маршираа 2 километри за мир и ненасилство во Измир

Првиот, не не и последен историски настан во Измир во кој повеќе од 2000 луѓе маршираа два километри со учесниците од повеќе од 30 организации – вклучувајќи и организации за човекови права, организации на Зелените, комунистите и Курдските групи. Маршот беше заклучен со говори на членовите на тимот на Светскиот марш и представници на организациите за заштита на човековите права од Турција.

Марш на марш

Нермин Ченгиќ - Светскиот марш за мир и ненасилство е меѓународна активност која им дава до знаење на сите живи суштества дека светот е место за љубов, дружење, взаемно разбирање и помагање, и се обидува да им предочи на оние кои го загрозуваат таквото фундаментално размислување дека постојат луѓе, огромно мнозинство луѓе, кои не сакаат војни, насилство, смрт и се што тие носат со себе.

World March Map

Endorse The World March

Endorse The World March

Syndicate

Syndicate content