The World March SEE is looking for Volunteers over the Internet to contribute with their translating skills. Please contact us if you are interested!
Светскиот марш за мир и ненасилство ги отфрла вештачките поделби меѓу луѓето и употребата на војна за наметнување мир
Pristina, Kosovo, 2009-11-02
Светскиот марш се сретна денес, во Приштина, со претставниците на движењето Независност, кое се залага за промоција на човековите права и самоопределување за Косово; со Мултикултурниот педагошки институт ПЕДАКС и со Операционе Коломба, мрежа на млади волонтери кои го промовираат дијалогот помеѓу сите пет заедници кои живеат на Косово - Албанците, Србите, Ромите, Египјаните и Турците.
Маршот се одржа на главната улица во Приштина, каде гласноговорникот на Маршто Џорџо Шулце им се обрати на новинарите и зборуваше за целите на Маршот и ја отфрли употребата на војна како средство на решавање на споровите.
Осврнувајќи се на настаните од денот, Шулце рече: „Денес, во Приштина, сведоци сме на парадоксот кој настанува кога две истории ќе ги вкрстат патиштата. Едната, народна прослава на Бил Клинтон, чија администрација пред неколку години бомбардираше луѓе за да создаде пофрагментиран регион - насока која нема иднина; и една на, очигледно, мала група луѓе кои имаат проект пред кој е исправена сјајна иднина - создавање на универзална човечка нација каде сите ќе можат да се движат слободно, без гранични контроли“.
Селвете Тачи, член на тимот кој патува со Маршот уште од 5 октомври и престојот во Египет и граѓанка на Косово рече: “Се чувстувам одлично опкружена со хуманисти од целиот свет кои сакаат да му покажат на локалното население дека постоиме. Исто така, среќна сум што се појавија и медиумите и покрај тоа што Бил Клинтон е во посета на Приштина и што и покрај тоа, можевме да ја пренесеме нашата порака за мир и ненасилство. Се радувам што запознав различни организации во Приштина кои ни помогнаа да се снајдеме низ градот и секако, што се видов со моите најблиски. Времето не послужи и можевме да се сликаме кај сите најпознати точки во градот. Постигнавме се што сакавме. Сега имаме многу контакти и, во името на Светот без војни, се надеваме дека ќе соработуваме со нив и по завршувањето на Маршот“.


