The World March SEE is looking for Volunteers over the Internet to contribute with their translating skills. Please contact us if you are interested!
Претседателот на Претседателството Жељко Комшиќ: “Босна и Херцеговина не можеше да ја испушти оваа шанса за мир и ненасилство”
Bosnia & Herzegovina Sarajevo | November 04, 2009
На осмиот ден од својата тура низ Балканот, Светскиот марш за мир и ненасилство беше пречекан од Претседателот на Претседателството на БиХ Жељко Комшиќ и градоначалникот на Сараево Алија Бехмен. Придружувајќи го Маршот од почетокот на поворката низ средновековните улици околу плоштадот Башчаршија, Комшиќ му посака на Маршот многу успех и наубави желби.
Светскиот марш пристигна во Сараево вчера попладне, на патувањето кое започна во Турција, преку Грција, Македонија, Косово и Србија. Автобусот на Маршот влезе во градот домаќин на ЗОИ 1984 година заедно со поранешниот светски боксерски шампион Менсур Пељто, кој има статус на херој во БиХ и кој патува со Маршот од самиот почеток, во Истанбул, и кој им посака на учесниците добредојде во „најубавиот град на светот“.
Вечерта беше приреден прием во концертната сала на Домот на млади Скендерија, каде беа разменети подароци со градоначалникот Бехмен а во чест на Маршот беше приредена забавна програма.
Говорејќи на почетокот на Маршот следното утро, Жељко Комшиќ рече: “Босна и Херцеговина не можеше да ја пропушти оваа шанса за мир и ненасилство, која не се однесува само на Балканот туку на целиот свет“.
Во интервју за Презенца, Комшиќ рече „Јас го претставувам Претседателството на Босна и Херцеговина и моја должност е да бидам овде и да им дадам поддршка на добрите намери“.
Прашан дали е тешко да се шират и развиваат темите на мирот и ненасилството во денешниот момент, особено помеѓу младите луѓе, Комшиќ одговори: „Би можел да се согласам со вас, но, знаете, јас сум политичар. Можеби сум премногу груб да говорам за фини нешта, но истовремено сум и обичен човек и, се разбира, ја поддржувам оваа активност и како политичар и како обичен човек“.
Тој би поздрави сите учесници во Светскиот марш, и им посака среќен пат: „Ве охрабрувам да продолжите со оваа активност, да ги промовирате мирот и мирниот соживот и ви посакувам се најдобро“.
Џорџо Шулце, гласноговорник на Маршот за Европа, говореше ентузијастички за настаните во Сараево.
“Сараево може да стане еден од идните главни градови на универзалната човечка нација, со богатата мешавина накултури и долгата историја. Иако е јасно дека треба уште многу работа, Сараево учи да го надмине и интегрира болното насилно минато на начин кој може да биде модел за други градови“, изјави Шулце за Презенца ИПА.


