The World March SEE is looking for Volunteers over the Internet to contribute with their translating skills. Please contact us if you are interested!

Кон Македонија, сред фолклор и судири


denis - Posted on 03 December 2009

Macedonia Skopje | November 02, 2009

На патот од Солун до Скопје, автобусот со учесниците на Светскиот марш од Балканот беше поздравен од градоначалниците, советниците за култура и стотици деца и наставници во неколку македонски градови. Маршот, организиран од хуманистичката организација Свет без војни (World Without Wars), помина низ Битола, Ресен, Охрид, Струга, Гостивар, Тетово и Скопје.

По традиционалниот поздрав на границата и добредојде то леб и сол, следеше програма со говори, традиционални песни и ора, и размена на поздрави и дарови, проследена со посветеност на изградбата на помирна иднина. Градоначалниците на сите градови, заедно со членовите на основниот тим од Македонија, Турција, Босна и Херцеговина, Грција и Косово, дадоа изјави на поддршка за таа цел.

Тоа посебно се однесува на Охрид – прекрасен град заштите од УНЕСКО како дел од светското културно наследство, каде што членовите на тимот на Маршот можеа да ги прераскажат своите искуства од местата на кои Маршот веќе помина, вклучувајќи ги Палестина, Израел, Јужна Кореја и Јапонија.

Истата вечер, студентите и професорите од Институтот за одбрамбени и мировни науки и Филозофскиот факултет на Универзитетот Св. Кирил и Методиј од Скопје, ја дадоа својата поддршка за Светскиот марш, а особено на барањето за повлекување на странските трупи од окупираните територии и отфлувањето на војната како средство за решавање на конфликтите - прашања кои ја тиштат Македонија овие денови.

Професорката Билјана Ванковска, цитирајќи го Хауард Зин, рече дека не е можно да се седи мирен во воз во движење, и дека „неутралноста околу насилството е морално неприфатлива“. Инспирирана од говорите на Мартин Лутер Кинг против војната во Виетнам, додаде дека граѓаните на Македонија сакаат да бидат слободни и да бидат дел од Европа. Изрази надеж дека, кога еднаш ќе ја добијат својата слобода, нема да заборават на оние кои сé уште не уживаат во истите права. Заврши со надеж дека сите ќе ја прифатат својата одговорност за војната во Ирак и се што се случува таму. Присуството на македонски војници во Ирак е резултат на убеденоста на Владата дека тоа ќе и помогне во зачленувањето во НАТО, но дека цената која треба да се плати е превисока.

Во текот на неформалниот дел на состанокот, Ванковска и членовите на основниот тим од Грција се согласија да подготват заедничка декларација за тековниот спор околу името „Македонија“, кој е извор на тензии помеѓу Македонија и Грција од прогласувањето на независноста во 1991 година.

Главниот дел од македонската етапа, во Скопје, го организираше Сојузот на спортови на Скопје, во соработка со локалните власти и неколку локални организации, вклучувајќи ги групите Мајка Тереза во Скопје и Младите можат.

Маршот продолжи заедно со активистите на “No Global”, кои побараа итно повлекување на единиците од Ирак и заврши со концерт посветен на Маршот, на кој настапи и Оркестарот Агушеви, кои порано свиреа со Горан Бреговиќ.

Pictures 2nd day:http://picasaweb.google.com/imagenpressenzaspain/Macedonia2ndDay#

2nd Video: http://www.youtube.com/watch?v=hy1zvuM02uI

World March Map

Endorse The World March

Endorse The World March

Syndicate

Syndicate content